8.5 C
Pehčevo

    ERASMUS проект – Детска градинка „7-ми Септември“ Пехчево

    Датум:

                Денес во ОЈУДГ„7 Септември“-Пехчево започна имплементацијата на проектот Discovering STEM in nature со партнери градинки и училишта од Литванија, Турција, Естонија и Република Северна Македонија. Главна Тема е Рециклирањето како дел од проектот. Учесниците имаа заеднички состанок и презентирање на образовниот систем од Директорката Васка Симовска. Во градинката се реализираа активности од Екологијата:„Селектирање и рециклирање на хартијата, и органскиот отпад“. Учество земаа децата од воспитна група 5-6 години со воспитувачката Станка Стаменковска.
    Учесниците остварија средба со Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански разменија свои искуства. Направивме обиколка на централното градско подрачје и запознавање со убавините на Пехчево.
    Партнерите се воодушевени од топлиот пречек и целата организација на домакините.
    Во домот на културата „Јане Сндански“, ја посетија Уметничката галерија „Ретроспективна изложба цвеќе“ се запознаа со традицоналните одбележја и културното наследство карактеристично за нашиот крај.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...