8.7 C
Pehčevo

    ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТА – обезбедување на услуги од Општина Берово за Општина Пехчево

    Датум:

    ДОГОВОР

    ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА

     

    Склучен на ден 14.09.2021 година помеѓу:

    Општина ПЕХЧЕВО, ул.Равен бр. 8 – Пехчево, претставувана од Градоначалникот Драган Тренчовски, како корисник на услуги (во понатамошниот текст – корисникот) и

    Општина БЕРОВО, ул. Димитар Влахов бр.10 – Берово, претставувана од Градоначалникот Звонко Пекевски, како давател на услуги (во понатамошниот текст – давателот).

     

    Предмет на договорот

    Член 1

    Предмет на овој договор е потврдување на воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу двете договорни општини, согласно Одлуката за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка бр. 09-2858/1 од 06.08.2021 година донесена од Совет на општина Берово и Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово бр. 08-845/1 од 19.07.2021 година донесена од Совет на општина Пехчево а која се однесува на обезбедување на услуги од Општина Берово за Општина Пехчево од овластени проценители на недвижен имот вработени во Општина Берово, за определен надоместок.

    ДОГОВОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Конститутивна седница на Советот на општина Пехчево

    Денес во општина Пехчево се одржа конститутивната седница на...

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...