Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 34-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 14.03.2025 (петок). 34-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 33-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево за реализација на проектот-,,Изградба на дел од улица 1 во индустриска зона Чуката,, Пехчево;
- Предлог одлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на општина Пехчево за реализација на проектот – “Реконструкција и рехабилитација на постоечки пат на КП 2378 во село Умлена;
- Предлог одлука за усвојување на одлука од УО на ЈКП Комуналец за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, за регулиран период 2025-2027 година;
- Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, за регулиран период 2025 – 2027 година;
- Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП Комуналец Пехчево, за обезбедување на финансиски средства за покривање на загубата на претпријатието;
- Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2024 до 31.12.2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Годишен извештај за Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализирани активности од програмата за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2024 година до 31.12.2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на извештај за Програмата за развој на туризмот во општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог програма за активностите на општина Пехчево во областа на туризмот за 2025 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Виолета Ѓорѓиевска с.р.