-4.9 C
Pehčevo

    Дневен ред за 32-ра седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02, 202/24), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 32-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 23.12.2024 година (понеделник). 32-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 31-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    3. Предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    4. Предлог одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на државните службеници за 2025 година;
    5. Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2025 година;
    6. Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    7. Предлог oдлука за определување на паричен надомест за одржана седница на членовите на управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    8. Предлог одлука за давање на времено користење на движна ствар (две маси за играње на пинг-понг) на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    9. Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2024 до 30.09.2024 година;
    10. Предлог одлука за усвојување на одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    11. Предлог одлука за усвојување на стратегија за локален економски развој 2025-2029 година;
    12. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2023-2024 година;
    13. Предлог одлука за давање на користење движна ствар (канти за отпад) на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    14. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
    15. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2024 година;
    16. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2025 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на Доброволно противпожарно друштво – Пехчево, за 2025 година;
    18. Барање од граѓани;
    19. Советнички прашања;

     

    ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 32-РА СЕДНИЦА

    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    1. Предлог одлука за определување на приоритет за проектот Изградба на атмосферска канализација за населено место Пехчево (крак 6, 14, 15, 16, 18 и 23), Општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор за грант;
    3. Изјава за исполнување на услови;
    4. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                  Претседател

                                                                                                    Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...