15.4 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесет и првата седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 31-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 05.08.2020 година (среда). 31-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, (голема сала) со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 30-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог oдлука за општо ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на иматели на електрични броила за мерење на електрична енергија;

    3.      Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2019-2020 година;

    4.      Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020-2021 година;

    5.      Предлог oдлука за ослободување од партиципација на деца за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за периодот од 10.03.2020 – 31.08.2020 година;

    6.      Предлог oдлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2020/2021 година;

    7.      Предлог oдлука за усвојување на Годишниот план за вработување во OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2021 година;

    8.      Предлог oдлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2020-2021 година;

    9.      Предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;

    10.  Предлог oдлука за ослободување од партиципација на ромски деца во социјален ризик за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2020-2021 година;

    11.  Предлог oдлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2020 година до 30.06.2020 година;

    12.  Предлог одлука за утврдување на приоритет за Втор повик за подготовка на техничка документација за инфраструктурни проекти во рамки на проектот Градење на капацитети во општините за изработка и имплементација на проекти за локален развој на УНДП;

    13.  Предлог oдлука за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈКП Комуналец Пехчево;

    14.  Барања од граѓани;

    15.  Советнички прашања;

    16.  Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...