14.8 C
Pehčevo

    Дневен ред на третата седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам третата седница на Советот на општина Пехчево за ден 28.01.2022 година (петок). Третата седница на Советот на Општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

     

    1. Усвојување на записникот од втората седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2022 година;
    3. Предлог одлука за усвојување на Финансиски план на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2022 година;
    4. Предлог одлука за усвојување на годишниот план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2022 година;
    5. Oдлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2021 до 30.09.2021 година;
    6. Предлог одлука за усвојување правилник за плати и други надоместоци на плата на вработените во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    7. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните службеници, давателите на јавни услуги и помошно техничките лица;
    8. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП Комуналец за висината на цената за плаќање на лица ангажирани од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за вршење на работи;
    9. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево за 2021 год;
    10. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево за 2022 година;
    11. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2022 година;
    12. Предлог програма за еднакви можности на жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ за 2022 година;
    13. Предлог програма за активностите на Општина Пехчево во областа на туризмот за 2022 година;
    14. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Статутот на општина Пехчево;
    15. Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево за 2022 година;
    16. Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2022 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на иницијатива за изработка на планска документација – Урбанистички проект за формирање на градежна парцела;
    18. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на oдделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, при општина Пехчево за 2022 год;
    19. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2022 година;
    20. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2022 година;
    21. Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња за 2022 година;
    22. Барања од граѓани;
    23. Советнички прашања;
    24. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...