15.9 C
Pehčevo

    Дневен ред на дваесет и осма седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 28-ма седница на советот.

    28-мата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 06.03.2020 петок со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 27-та седницана советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2019/2020 година;

    3.      Предлог одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2020 година;

    4.      Предлог деловник за работа на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;

    5.      Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на Полициската канцеларија – Пехчево за 2019 година;

    6.      Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли за 2020 година;

    7.      Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2020 год;

    8.      Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2020 година;

    9.      Предлог одлука за купување, отуѓување и оптоварување на недвижен имот во сопственост на општина Пехчево за 2020 година;

    10.  Предлог одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (Земјоделско земјиште) за 2020 година;

    11.  Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште за 2020 год;

    12.  Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2020 година;

    13.  Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево за 2020 година;

    14.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2020 година;

    15.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2020 година;

    16.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности за 2020 год;

    17.  Предлог одлука за определување на цената на такси стојалишта, автобуски станици и стојалишта во јавниот општински превоз на територијата на општина Пехчево за 2020 година;

    18.  Предлог oдлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно отстранување на животински мрши за 2020 година;

    19.  Предлог oдлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2020 год;

    20.  Предлог одлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање за 2020 год;

    21.  Предлог одлука за усвојување на квартален извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година;

    22.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,,-Пехчево за 2019 година;

    23.  Предлог oдлука за усвојување извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари декември 2019 год;

    24.  Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за утврдување цена за прекопи на улици и врзување на тампон со набивање;

    25.  Предлог oдлука за потреба од определување на заштитна зона на зафат за водоснабдување од Пехчевска Река;

    26.  Предлог oдлука за определување на места за истакнување на изборни плакати за 2020 година;

    27.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка наЕдукативен центар за зачувување на природата за 2019 година;

    28.  Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на општина Пехчево за 2019 година;

    29.  Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2019 година;

    30.  Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2019 година;

    31.  Предлог одлука за донесување на Урбанистички план за село Умлена, општина Пехчево;

    32.  Предлог одлука за изменување на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за  регулиран период 2019-2021 година;

    33.  Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2019 година;

    34.  Барања од граѓани;

    35.  Советнички прашања;

    36. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...