15.4 C
Pehčevo

    Девета седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам деветтата седница на Советот на општина Пехчево за ден 25.08.2022 година (четврток). Деветтата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од осмата седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2021/2022 година;

    4.      Предлог одлука за усвојување на тримесечен Извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;

    5.      Предлог одлука за усвојување на одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    6.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2021 година на ЈКП Комуналец Пехчево;

    7.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – собирање и одведување на урбани отпадни води за 2021 година на  ЈКП Комуналец Пехчево;

    8.      Предлог одлука за усвојување на развоен план на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за период од 2022 2026 година;

    9.      Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    10.  Предлог програма за управување со отпад за 2022-2024 година од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    11.  Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во ОУМБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2023 година;

    12.  Предлог одлука за разрешување и изменување на член на комисија за Статут и прописи;

    13.  Предлог одлука за разрешување и изменување на член на комисија за финансирање, буџет и ЛЕР;

    14.  Предлог одлука за разрешување и изменување на член на комисија за венчавки;

    15.  Предлог одлука за разрешување и изменување на член на комисија за еднакви можности на жените и мажите;

    16.  Предлог одлука за разрешување и изменување на член на комисија за заштита на потрошувачите;

    17.  Предлог одлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 година;

    18.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2021/2022 година;

    19.  Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2022/2023 година;

    20.  Предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;

    21.  Предлог одлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2022-2023 година;

    22.  Предлог одлука за ослободување од партиципација на ромски деца во социјален ризик за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2022-2023 година;

    23.  Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2023 година;

    24.  Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;

    25.  Предлог одлука за доделување на благодарници по повод ,,7-ми Септември”- Денот на ослободувањето на Пехчево за 2022 година;

    26.  Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево за 2022 година;

    27.  Предлог одлука за усвојување на шестмесечен Извештај за финансиското работење на ЈКП Комуналец за период од 01.01.2022 – 30.06.2022 година;

    28.  Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2022 година;

    29.  Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2023 година;

    30.  Предлог одлука за усвојување на процена на штета од елементарна непогода пожар;

    31.  Предлог одлука за давање на времено користење на недвижни ствари (објект училиште) на OСУ ,,Ацо Русковски,, – Берово;

    32.  Барања од граѓани;

    33.  Советнички прашања;

    34.  Тековни активности;

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...