14.8 C
Pehčevo

    Десетта седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам десетата седница на Советот на општина Пехчево за ден 31.10.2022 година (понеделник). Десеттата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од деветтата седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на анекс на годишната програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 година – Програма за работа во продолжен престој со ученици од различни паралелки и различни одделенија;

    4.      Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статутот на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;

    5.      Предлог одлука за одобрување на приоритетен објект по проектот ,,Поврзување на локални патишта,, финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка;

    6.      Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2022 година;

    7.      Предлог oдлука за давање на користење движна ствар товарно возило Марка –  IVECO ИВЕКО за собирање на комунален отпад на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    8.      Предлог одлука за формирање комисија за селекција за проверка на податоци по јавен повик за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    9.      Предлог одлука за усвојување на годишен план и програма за работа на фудбалска школа на подрачјето на општина Пехчево;

    10.  Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – овластен проценител на недвижен имот;

    11.  Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – овластен градежен инспектор;

    12.  Барања од граѓани;

    13.  Советнички прашања;

                    14. Тековни активности;

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...