Почитувани граѓани на општина Пехчево,
Ве покануваме да бидете дел и да дадете свој придонес за успешна реализација на работната акцијата Заедно до поголеми детски насмевки , која ќе се реализира на 22.04.2018 од 11ч. Акцијата се однесува на реконструкција и уредување на дворот на детската градинка ,,7-ми Септември”во с.Црник. Оваа акција е дел од иницијативата Мрдни со прст, која што се реализира на ниво на шест општини во Источно-Брегалничкиот регион. Главна цел на оваа иницијатива е граѓанската инклузија во локалните промени, кои ќе бидат во корист на локалното население и се видливи за сите.
Ве очекуваме!
Програма:
11:00 – Отворање на настанот
11:15- Почеток на акцијата- Реконструкција и уредување на детско игралиште
16:00-Поставување на детски реквизити
17:00- Затворање на настанот