12 C
Pehčevo

    Незаборавна забава на отворено со ,, Баскерфест ’’ во Пехчево

    Датум:

    Под мотото „Позитивна вибрација во градот“ фестивалот „Баскерфест“  по деветти пат го најавува уличниот театар под отворено небо кој годинава  ќе се одржува во проширена верзија на ниво на цела Македонија, односно во 21 општина низ целата република.

    Пехчевци, за прв пат на 21 јуни ќе може да уживаат во музичките и во акробатските точки на околу 10 артисти на градскиот плоштад во Пехчево во рамките на деветтиот „Баскерфест“.

    За адреналинска забава ќе се погрижат познати брејкденсери, магионичари, танчари, жонглери и уметници од  далечната Јапонија до Канада преку Нигерија, па се до Нов Зеланд.

    Заинтересираните програмата ќе може да ја проследат на 21 јуни 2014г. на градскиот плоштад во Пехчево од 19 до 00 часот по полноќ.

    Баскефест е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени, а присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители!

    Покровител на настанот е општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 8-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...