8.1 C
Pehčevo

    Ален Исламовиќ ќе биде главна ѕвезда на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019

    Датум:

    Фестивал логоЖешки ноќи во Пехчево најавува деветото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево. Малешевијата ќе ечи од виртуозите на труба, на 12 и 13 јули.

    Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртоузи на труба, претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија.

    Најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион годинашното 9-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019 и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички доживувања.

    Екс ЈУ ѕвездата, поп-рок пејачот Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би било бјело дугме“ ќе биде главна ѕвезда на деветото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019, што ќе се одржи 12-13 јули во Пехчево, во организација на општина Пехчево, а со поддршка на главните спонзори Хотел Гогов, Кит-го маркети и ДИК Фагус Пехчево и др.

    Миленикот на младите, но и на постарите Ален Исламовиќ на 13 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево.. Сите негови старо-нови хитови присутните во публиката ќе имаат ретка привилегија заедно со него да ги отпеат во еден здив.

    На плоштадот е планирано поставување на штандови со скара и пиво. Инаку,се очекуваат најголемите виртуози на трубата и познати пејачи од земјава и странство да настапат на прекрасната сцена на плоштадот во Пехчево.

    Ќе можете да уживате во хитовите на познатите имиња со ладно пиво и добра скара.

    Доколку сакате незаборавна вечер и одлична забава, Ви препорачуваме нека тоа биде една Ваша убаво помината летна јулска ноќ во Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...