2 C
Pehčevo

    Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево со Леон

    Датум:

    Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево со Леон 📍 23 и 24 Јуни 2025 Со длабока благодарност и соработка, со задоволство го најавуваме следниот чекор од нашата Национална психолошко-мотивациска турнеја „Од тишина до глас“, организирана од Градоначалникот на Општина Пехчево и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка „Гласот од тишината“ – Скопје, под раководство на Амела Мемиш Апостоловска, Клинички психолог, основач и претседател на здружението, и Жанет Маркушова дипломатски член и сопруга на амбасадорот на Република Словачка во Скопје. 📌 23 Јуни 2025 Во заедничка организација со: Градоначалникот Александар Китански, Директорката на детската градинка „7ми Септември“ – Гордана Вазлиска, Директорката на ООУ „Ванчо Китанов“ – Добрила Јовеска, ќе се одржи психолошко-мотивациска работилница за децата со попреченост, нивните родители и стручниот кадар кој секојдневно се грижи за најмалите. Оваа средба е посветена на: храбрите деца, семејствата што чекорат по својот пат со многу љубов и борба, и стручниот кадар кој со срце и посветеност ги следи нивните чекори. 📌 24 Јуни 2025 Во Домот на културата „Јане Сандански“, под водство на Елица Јовевска – Советник за планирање на ЛЕР, ќе се одржи јавна трибина на тема: инклузија, родителство и психолошка поддршка. 🕰️ 24.06.2025 година (вторник), 17:00 часот – Дом на културата „Јане Сандански“ – Пехчево ✨ За секој родител кој ќе присуствува, подготвивме и мало, но значајно изненадување како симбол на благодарност, признание и почит за вашата љубов, истрајност и посветеност.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...