8.7 C
Pehčevo

    24-та седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 24-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 25.01.2024 година (четврток). 24-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 23-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево за 2024 година;

    3.      Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;

    4.      Предлог одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет на општина Пехчево;

    5.      Предлог одлука за усвојување на Годишен извештај за Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на општина Пехчево за 2023 година;

    6.      Предлог одлука за разрешување и именување на членови на општински совет за превенција на детско престапништво во општина Пехчево;

    7.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево за 2023 год;

    8.      Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево за 2024 година;

    9.      Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    10.  Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2024 година;

    11.  Предлог одлука за усвојување на Финансиски план на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2024 година;

    12.  Предлог одлука за усвојување на годишниот план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2024 година;

    13.  Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните службеници, давателите на јавни услуги и помошно техничките лица;

    14.  Предлог одлука за усвојување на правилник за плати и други надоместоци на плата на вработените во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    15.  Предлог програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ за 2024 година;

    16.  Предлог програма за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2024 година;

    17.  Предлог одлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот на општина Пехчево за 2024 година;

    18.  Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година;

    19.  Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, при општина Пехчево за 2024 год;

    20.  Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година;

    21.  Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;

    22.  Барање од граѓани;

    23.  Советнички прашања;

                                                                                                                                              

     

     

                                                                                                Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                                 Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...