-5.7 C
Pehčevo

    23-Април, Светски ден на книгата и авторското право одбележан во Пехчево

    Датум:

    Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 – Април, се одбележа во општинската установа матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ – Пехчево.

    Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 - Април, се одбележа во општинската установа матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ - Пехчево.

    Традиционално го одбележуваме Светскиот ден на книгата со подароци за нашите читатели. Задоволни сме од посетеноста во текот на целата година, а истовремено може да потенцираме дека поседуваме солиден книжен фонд, рече В.Д директорката Габриела Костадинова.

    Се прочита и порака испратена од генералниот секретар на УНЕСКО, за значењето, местото и улогата на книгата во општеството.

    ,, Книгата е размена на идеи, најубавиот пронајдок на човекот што ги урива границите на просторот и на времето. Секоја форма на книгата е драгоцена, таа не едуцира, ја шири културата и информациите ’’, се наведува во пораката од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, за Светскиот ден на книгата и авторското право.

    Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ – Пехчево, го одбележа овој ден и со читање на литературни творби по повод распишаниот конкурс на тема ,, Книгата – мојот волшебен свет ’’. На конкурсот со свои литературни творби учествуваа учениците од основното училиште ,, Ванчо Китанов ’’ – Пехчево. Се изврши прогласување на најдобрите творби, при што на авторите им беа доделени пригодни награди и признанија.

    Првото место им припадна на ученичките Марија Китановска и Маја Пандова, второто место и припадна на ученичката Ирена Ѓорѓиевска, додека третото место им припадна на Атанаско Перунковски и Марија Богдановска. В.Д директорката на библиотеката им ги врачи наградите, комплет нови наслови на книги, и дипломи за наградените учесници, а на другите учесници беа доделени книга и благодарница за учество на конкурсот.

    Децата сакаат да пишуваат, својата имагинација умеат да ја пренесат со соодветен вокабулар кој не ретко може да ги изненади возрасните. Сигурно било тешко, меѓу најдобри да се изберат нај-добрите, но затоа пак Комисијата додели по две први места, едно второ и две трети места. Силните аплаузи по литературните читања на најуспешните творби нека бидат мотив повеќе учениците да продолжат и во иднина да другаруваат со убавиот пишан збор, истакна градоначалникот Игор Поповски.

    Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 - Април, се одбележа во општинската установа матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ - Пехчево.

    Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 - Април, се одбележа во општинската установа матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ - Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...