4.9 C
Pehčevo

    22-та седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 22-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 21.12.2023 година (четврток). 22-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 21-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2023 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на измени на годишен план за вработување во општина Пехчево за 2024 година;

    4.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2023 година;

    5.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализирани активности од програмата за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2023 година;

    6.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за програмата за ЛЕР на општина Пехчево за 2023 година;

    7.      Предлог програма за активностите на општина Пехчево во областа на туризмот за 2024 година;

    8.      Предлог одлука за именување на член на управен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    9.      Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    10.  Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;

    11.  Предлог одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет на општина Пехчево;

    12.  Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти;

    13.  Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли;

    14.  Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија;

    15.  Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште;

    16.  Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево;

    17.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот;

    18.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок;

    19.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности;

    20.  Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2024 година;

    21.  Предлог програма за работа на општински комунален инспектор на општина Пехчево за 2024 година;

    22.  Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња за 2024 година;

    23.  Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година;

    24.  Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024 година;

    25.  Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево, за 2024 година;

    26.  Предлог одлука за усвојување на програма за работа на Доброволно противпожарно друштво – Пехчево, за 2024 година;

    27.  Предлог одлука за давање на користење недвижна ствар на Oрганизација ЖЕНА Делчево;

    28.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2023 година;

    29.  Предлог одлука за усвојување на програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2024 година;

    30.  Предлог одлука за усвојување на Статут на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;

    31.  Предлог одлука за утврдување на висината на надоместокот на членовите на управен и надзорен одбор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;

    32.  Предлог одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;

    33.  Предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;

    34.  Предлог одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на државните службеници за 2024 година;

    35.  Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2024 година;

    36.  Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;

    37.  Советнички прашања;

    38.  Тековни активности;                                                                                                 

                                                                                                                                              

     

                                                                                                Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                                 Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...