-4.9 C
Pehčevo

    20-тата седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 20-тата седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.10.2023 година (четврток). 20-тата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2023 година (ребаланс);

    2.      Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    3.      Предлог одлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    4.      Предлог одлука за усвојување на извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    5.      Предлог oдлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2024 година;

    6.      Предлог одлука за престанок со работа на ПУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево во с.Умлена, општина Пехчево;

    7.      Предлог одлука за усвојување на измени на ценовник за извршување на услуги и работи од страна на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    8.      Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за зголемување на основната бруто плата на вработените во претпријатието;

    9.      Предлог одлука за промена на Годишната програма за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина Пехчево за 2023 година;

    10.  Предлог одлука за висината на цената за собирање и транспортирање на комунален отпад од вилите на туристичкиот локалитет Равна Река – Пехчево;

    11.  Предлог одлука за утврдување на условите, начинот и шемите за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Пехчево;

    12.  Предлог oдлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање;

    13.  Предлог oдлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;

    14.  Барања од граѓани;

    15.  Советнички прашања;

    16.  Тековни активности;

                                                                                                     

                                                                                                Совет на општина Пехчево

                                                                                                                Претседател

                                                                                                          Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...