1.6 C
Pehčevo

    17-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.05.2023 година

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 17-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.05.2023 година (петок). 17-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 16та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2022 година;

    3.      Предлог одлука за утврдување на приоритет за аплицирање на Проектот на UNDP и Шведската Агенција за меѓународен развој (СИДА) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“;

    4.      Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2” за финансирање на техничка документација за „Реконструкција на локален пат Пехчево –  туритичка населба Равна Река, Пехчево“;

    5.      Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчевски Павловден,, – 2023 година;

    6.      Предлог одлука за разрешување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    7.      Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лице за член на надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    8.      Предлог одлука за усвојување на тримесечен Извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;

    9.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2022 година, на ЈКП ,,Комуналец,, Пехчево;

    10.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – собирање и одведување на урбани отпадни води за 2022 година на  ЈКП ,,Комуналец,, Пехчево;

    11.  Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – овластен градежен инспектор;

    12.  Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година;

    13.  Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2023 година;

    14.  Барања од граѓани;

    15.  Советнички прашања;

     

    ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 17-ТА СЕДНИЦА

    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

     

    16. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2023 година;

     

                                                                                                                                                                                         Совет на општина Пехчево

                                                                                                                                                                                 Претседател

                                                                                                                                                                                                  Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...