11.6 C
Pehčevo

    15-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 28.03.2023 година

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 15-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 28.03.2023 година (вторник). 15-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 14та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2022 година;

    4.      Предлог одлука за  усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2022 година;

    5.      Предлог одлука за  усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2022 година;

    6.      Предлог одлука за  усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 година;

    7.      Предлог одлука за усвојување на развојна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за период 2023 -2027 година;

    8.      Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2022 година;

    9.      Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    10.  Предлог програма за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2023 година;

    11.  Предлог одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет на општина Пехчево;

    12.  Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;

    13.  Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Пехчево за 2023 година;

    14.  Предлог одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на овластениот комунален инспектор при општина Пехчево за 2022 година;

    15.  Барања од граѓани;

    16.  Советнички прашања;

    17.  Тековни активности;

                                                                                                                                               Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                      c.p.Виолета Ѓорѓиевска   

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...