8.1 C
Pehčevo

    13-та Седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на тринаесетата седница на советот.

    13-тата седница на Советот на Општина Пехчево е закажана за среда 05.03.2015 година, со почеток во 11 часот.

    Седницата ќе се оддржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД
    за 13-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог –Одлука за верификација на мандатот на член на Советот на општина Пехчево;
    2. Предлог–Одлука за усвојување на завршната сметка на општина Пехчево за 2014 година;
    3. Предлог–Одлука за усвојување на квартален извештај на општина Пехчево за период 01.01.2014 година до 31.12.2014 година;
    4. Предлог- Одлука за изменување на одлуката за извршување на буџетот на општина Пехчево за 2015 година;
    5. Предлог-Одлука за давањe на согласност на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП Комуналец -Пехчево;
    6. Предлог–Одлука за давање на согласност на Правилникот за внатрешна организација на ЈКП Комуналец- Пехчево;
    7. Предлог-Одлука за давање на согласност на Правилникот за систематизација на работните места во ЈКП Комуналец -Пехчево;
    8. Предлог-Одлука за давање на согласност на Правилникот за плати и надоместоци на плата на вработените во ЈКП Комуналец-Пехчево;
    9. Предлог–Одлука за давање согласност на одлуката за утврување на висината на вредноста на бодот за платите на вработените во ЈКП Комуналец-Пехчево;
    10. Предлог–Одлука за давање согласност на дополнувањето на годишниот план за јавни набавки на ЈКП Комуналец-Пехчево;
    11. Предлог–Одлука за усвојување на завршната сметка на ЈКП Комуналец за 2014 година;
    12. Предлог–Одлука за усвојување на извештајот за извршени работи на ЈКП Комуналец за 2014 година;
    13. Предлог–Одлука за престанок на одлуката за давање на користење недвижни ствари, сопственост на општина Пехчево;
    14. Усвојување на Финансов план за работа на ЈПУД Равен–Пехчево за 2015 година;
    15. Усвојување на Програма за работа на ЈПУД Равен –Пехчево за 2015 година;
    16. Усвојување на завршна сметка на ЈПУД Равен – Пехчево за 2014 година;
    17. Предлог-Одлука за иманување на член на финансово–материјален одбор на ЈПУД Равен –Пехчево;
    18. Барања од граѓани;
    19. Советнички прашања;
    20. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево
    Претседател
    Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...