11.6 C
Pehčevo

    13-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 03.02.2023 година

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 13-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 03.02.2023 година (петок). 13-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 12-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2023 год;

    3.      Предлог одлука за давање согласност на одлуката од УО на ЈКП Комуналец за усогласување на платата на вработените, согласно закон за минимална плата;

    4.      Предлог одлука за усвојување на стратегија за родова еднаквост на регионот Делчево, Берово и Пехчево за периодот 2023-2026 година;

    5.      Предлог одлука за усвојување на акциски план на општина Пехчево за имлементација на регионална стратегија за родова еднаквост за периодот 2023-2026 година;

    6.      Предлог одлука за давање на користење движни ствари противпожарна опрема на доброволно противпожарно друштво Пехчево;

    7.      Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    8.      Предлог одлука за именување на член на надзорен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, Пехчево;

    9.      Предлог одлука за давање согласност за Програма за екскурзија за ученици од 3, 6 и 9 одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 год;

    10.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на училишен одбор во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;

    11.  Предлог oдлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево;

    12.  Предлог одлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2023 година;

    13.  Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2023 година;

    14.  Предлог одлука за одобрување на приоритетен објект по проектот „Уредување на речно корито на Пехчевска река“ во Пехчево

    15.  Барања од граѓани;

    16.  Советнички прашања;

    17.  Тековни активности;

                                                                                                                                              

                                                                                                                                                                           Совет на општина Пехчево

                                                                                                                                            Претседател

                                                                                                                                                 Виолета Ѓорѓиевска     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...