-0.7 C
Pehčevo

    12-та седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 12-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.12.2022 година (понеделник). 12-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 11-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево за 2023 година;

    3.      Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;

    4.      Предлог одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2023 година;

    5.      Предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2023 година;

    6.      Предлог одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на на државните службеници за 2023 година;

    7.      Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2023 година;

    8.      Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Пехчево  за  2024 година;

    9.      Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли за 2023 год;

    10.  Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2023 год;

    11.  Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2023 година;

    12.  Предлог одлука за купување, отуѓување и оптоварување на недвижен имот во сопственост на општина Пехчево за 2023 година;

    13.  Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште за 2023 год.

    14.  Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево за 2023година;

    15.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2023 година;

    16.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2023 година;

    17.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности за 2023 година;

    18.  Предлог одлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно отстранување на животински мрши за 2023 година;

    19.  Предлог одлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2023год.

    20.  Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, при општина Пехчево за 2023 год;

    21.  Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево за 2023 година;

    22.  Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2023 година;

    23.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;

    24.  Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    25.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево за 2022 год;

    26.  Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, Пехчево за 2023 година;

    27.  Предлог одлука за усвојување на Програма за проекти од областа на културата на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2023 година;

    28.  Предлог одлука за усвојување на програма за работа на Доброволно противпожарно друштво Пехчево, за 2023 година;

    29.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом Д-р. Иван Георгиев  – Пехчево;

    30.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2022 година;

    31.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2022 година и Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2023 година;

    32.  Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2023 година;

    33.  Предлог одлука за усвојување на Финансиски план на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;

    34.  Предлог одлука за усвојување на годишниот план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;

    35.  Предлог одлука за усвојување на одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    36.  Предлог одлука за давање согласност на одлуката од УО на ЈКП Комуналец за усогласување на платата на вработените, согласно закон за минимална плата;

    37.  Барања од граѓани;

    38.  Советнички прашања;

    39.  Тековни активности;

                                                                                                                                              

                                                                                                                                               Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                                                                                Виолета Ѓорѓиевска                                                              

                                                                                                                           

                                                                                       ________________

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...