Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 36-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 30.06.2025 (понеделник). 36-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 35-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за разрешување и именување на членoви на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
- Предлог одлука за определување на паричен надомест за одржана седница на членовите на управен одбор и надзорен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
- Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ОУМБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчевски Павловден,, – 2025 година;
- Предлог одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2025;
- Предлог одлука за усвојување на тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2025 год. до 31.03.2025год;
- Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2025/2026 година;
- Предлог oдлука за усвојување на измени и дополнувања на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2025 година;
- Предлог oдлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште;
- Предлог одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Пехчево;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Виолета Ѓорѓиевска с.р.