4.1 C
Pehčevo

    СТУДИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ И ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    Датум:

    СТУДИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ И ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО 2017

    Распослано на двата брега на Пехчевска Река, под падините на планината Влаина на надморска височина од 1.000 метри, се наоѓа Пехчево, живописно место  опколено со големи и длабоки борови шуми, ладни потоци.Место каде се дише чист планински воздух.
    Иако мало, ова гратче има долга историја. Постанокот на Пехчево според народните преданија и расположливите пишувани документи е поврзан со доаѓањето на Турците на Балканскиот полуостров. За постоењето на оваа старата населба зборуваат и многуте имиња и темелите на старата римска населба во која се топела рудата од околните рудници. Според жителите на Пехчево токму по тие печки населбата го добила името. Густите шуми испреплетени со патеки ќе ве однесат до Раковец, каде што се наоѓала старата римска рударска населба. Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар. Се верува дека во близина на Пехчево се наоѓаат темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што браќата Кирил и Методија ја создале глаголицата, најстарото писмо на Словените.

    Податоците за овој крај велат дека градот според занимањата на жителите бил поделен на три маала. Во маалото Катеринци, најгоре во близина на пасиштата, живееле сточари. За да се дојдело до тоа маало, луѓето морале да се “катарат” или искачат. Во Горно маало живееле трговците и занаетчиите, а долномаалци биле земјоделци и градинари.

    Иако мала оваа општина има силна визија за успех и развој во иднина. Како носител и можност за развојот граѓаните го посочуваат Руралниот туризам за кој постои голем потенцијал. Пехчевчани со право  очекуваат нивната општина да стане атрактивна дестинација за сите што сакаат да дојдат, да го посетат, да се одморат но и да останат и инвестираат во неговиот одржлив раст и развој.

    Целосната верзија студијата ја имате на линкот подолу

    ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->

    СТУДИЈА

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...