15.7 C
Pehčevo

    Реконструкција и рехабилитација на локалниот пат Умлена – Робово

    Датум:

    Започна реализацијата на проектот за реконструкција и рехабилитација на локалниот пат Умлена – Робово

    Започна реализацијата на долгooчекуваниот проект „Реконструкција и рехабилитација на локалниот пат Умлена – Робово“, кој претставува една од најзначајните инфраструктурни инвестиции за жителите на двете населени места.

    Со реконструкцијата и рехабилитацијата на овој локален пат значително ќе се подобри патната инфраструктура што ги поврзува селата Умлена и Робово, ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и ќе се овозможи побрзо, полесно и поквалитетно поврзување на локалното население.

    Реализацијата на проектот е овозможена со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, која преку инвестиции во локалната инфраструктура придонесува за рамномерен развој на општините и подобрување на условите за живот на граѓаните.

    Општина Пехчево изразува искрена благодарност до Владата на Република Македонија за поддршката и успешната соработка во реализацијата на овој значаен проект. Заедничките инвестиции претставуваат потврда на заложбите за создавање современа инфраструктура и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

    Воедно, Општина Пехчево ги повикува сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација додека траат градежните работи, со цел безбедно одвивање на сообраќајот и непречена реализација на проектот.

    Општина Пехчево продолжува посветено да инвестира во развојот на локалната инфраструктура, реализирајќи проекти кои директно придонесуваат за подобри услови за живот и одржлив развој на целата општина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 12-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 11-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...