18.9 C
Pehčevo

    Прва фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево

    Датум:

    Започна првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево
    Започна реализацијата на првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево, проект кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, како краен корисник на објектот.
    Во рамките на оваа фаза ќе се изврши целосна демонтажа на постојниот и дотраен систем за греење, како и инсталација на нов систем за затоплување кој ќе обезбеди повисока енергетска ефикасност, поголема сигурност во работењето и подобри услови за користење на спортската сала во текот на целата година.
    Проектот се финансира со сопствени средства и претставува значаен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во општината. Новиот систем за греење ќе овозможи непречено користење на салата во зимски услови, како за учениците од ООУ „Ванчо Китанов“, така и за спортските клубови и граѓаните.
    Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, истакна дека станува збор за инвестиција која директно придонесува за подобри услови за спорт и рекреација, додека директорката на ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, Емилија Станоевска, ја нагласи важноста на проектот за подобрување на условите за реализација на наставата по физичко образование и спортските активности.
    Ова е прва фаза од планираното реновирање на спортската сала, со што продолжуваат заложбите за модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за младите и локалната заедница.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...