26 C
Pehčevo

    Правила на однесување на пешаците во сообраќајот

    Датум:

    Денес Општина Пехчево во соработка со ОВР Берово ПС од ОН Берово и ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево реализираше активност за начинот и правилата на однесување на пешаците во сообраќајот. Активноста беше реализирана од страна на Помошник командир за ЈРМ и Превенција – Викторија Цоцовска, ВБР во ПО за БПС – Александар Поповски, УПС – Христијан Видински и УПС – Слободан Ризовски, а учесници во активноста беа децата од детската градинка во Пехчево од големата група, на возраст од 5- 6 години со воспитувачката Розмарина Мицевска и негователката Даниела Денковска.
    Децата се движеа по улица на која нема пешачка патека – тротоар и улица на која има пешачка патека – тротоар, и притоа им беше објаснето од страна на стручните служби, како треба да се движат и во двата случаи, потоа ја преминуваа улицата на место каде што има пешачки премин и на крстосница каде што нема пешачки премин. Научија каде се наоѓа полициската канцеларија во Пехчево, се запознаа со полициското возило и со дел од опремата која ја користат полициските службеници. Дечињата беа активно вклучени во активноста со нивното веќе стекнато знаење за сообраќајот и правилата во сообраќајот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...