14.2 C
Pehčevo

    Пехчевска фудбалска хроника/Фудбалски клубови формираат и околните населби

    Датум:

    Денеска во просториите на пензионерскиот дом во Пехчево се одржа промоција на книгата:
    ,, Пехчевска фудбалска хроника/Фудбалски клубови формираат и околните населби” чиј автор е Никола Михаиловски, поранешен претседател на ФК Напредок од Пехчево.
    Книгата е напишана како резултат на повеќедецениско следење на случувањата поврзани со фудбалот во Пехчево и неговата околина. Основен мотив за пишување на оваа книга е големата желба на авторот да создаде матерјал кој трајно ќе сведочи за спортскиот дух на жителите од Пехчево и нивната непоколеблива желба за формирање на сопствен фудбалски клуб кој храбро ќе одговори на сите предизвици кои ги носи неговата трансформација во различни општествени услови. Во оваа книга се опишани позначајни настани, личности и резултати од фудбалската историја на Пехчево. На овој начин хронолошки е опфатен период од околу деведесет и пет години кој зборува за интересот на младинците од Пехчево и околината за фудбалскиот спорт како најважна споредна работа во светот.
    Издавач: Општинска установа – Матична библиотека
    ,, Кочо Рацин” – Пехчево
    Уредник и редактор: Иван (Јован) Станоевски
    Промотор: Атанас Костовски
    На промоцијата беа присутни градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, директорката на матичната библиотека
    ,, Кочо Рацин” – Пехчево, поранешни фудбалери кои дале свој допринос за фудбалот во Пехчево во различни периоди од неговиот развој, поранешни фудбалери од околните населби, сограѓани, роднини и пријатели

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на детските лулашки на плоштадот „Св. Петар и Павле“ во Пехчево

    Реконструкција на детските лулашки на плоштадот „Св. Петар и...

    Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2024

    Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2024   ...

    Реконструкција и рехабилитација на локален пат од спојот со регионалниот пат до мостот пред село Панчарево

    Реконструкција и рехабилитација на локален пат од спојот со...

    Реконструкција улицата „ИНДУСТРИСКА“ во Пехчево

    Реконструкција улицата „ИНДУСТРИСКА“ во Пехчево