0.3 C
Pehčevo

    Кампањата „Општина на дланка“

    Датум:

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

    Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

    • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
    • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
    • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
    • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
    • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
    • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

    Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

    Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

    Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

    Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

    Дознајте повеќе за:

    Општина на дланка (мк)

    Општина на дланка (ал)

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Пехчево за 2025-2029

    Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Пехчево за...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...