6.7 C
Pehčevo

    JABЕН ПОВИК До евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    JABЕН ПОВИК

    До евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

     

    Се повикуваат сите евидентирани невработени лица, активни баратели на  работа со стекнат сертификат за давател на социјална услуга според описот на работните позиции кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево“ за работно ангажирање со 40 часа неделно во периодод 18 (осумнаесет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово.

    Вкупниот период на влученост и работниот ангажман на невработените лица преку програмата изнесува 18 месеци.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со 40 часа неделно во период од 18 (осумнаесет) месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а наневработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

    Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа со стекнат сертификат за давател на социјална услуга. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 28.000,00 денари бруто износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

    -Долгорочно невраборени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

    – Млади лица до 29 години

    – Лица постари од 50 години

    – Лица корисници на гарантирана минимална помош

    – Лица припадници на ромска етничка заедница

    – Лица корисници на паричен надоместок пооснов на неврабореност

    – Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

    – Самохрани родители

    – Родители на 3 и повеќе деца

     

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

    • Работно место: Неговател на стари и изнемоштено лицe во домашни услови

    Позиции за работно место: 2 позиции

     

    Потребни квалификации и занимања за Работното место:

     

    Основно образование, средно три годишно или четири годишно средно училиште со стекнат сертификат за неговател на стари и изнемоштени лица. Право на учество во Програмата “Општинско-кориснаработа “имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат со одветните целни групи дефинирани во Програмата.

    Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-кориснаработа“ можат да поднесат во Агенција за вработување Центар за вработување Берово во периодот од 21.11.2025 до 27.11.2025 година, од 08:00 до 14:00 часот.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-кориснаработа“ можат да се добијат во Општина Пехчево кај лицето Никола Каракашов, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Марија Тренчевска, Центар за социјлна работа Пехчево кај лицето Даниела Станоевска.

     

    Пехчево                                                                                 Општина Пехчево

    21.11.2025                                                                                  Градоначалник

    с.р. Александар Китански

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...