8.1 C
Pehčevo

    Чистење на речното корито на реката „Писа“

    Датум:

    Општина Пехчево во соработка со ЛАГ Малеш-Пијанец, БИ ГРУП 18 ДООЕЛ, ЈКП „Комуналец“ – Пехчево, Црквата Св. Петар и Павле, како и во соработка со НВО секторот, Организација на жени во Пехчево, Здружението за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ и Здружението Едукативен центар за зачувување на природата, село Негрево Пехчево, заеднички отпочна со реализација на активностите од проектната иницијатива „Чистење на речното корито на реката „Писа“. Проектната иницијатива е поддржана од проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија.
    Соработката помеѓу сите горенаведени страни има за цел подобрување на состојбата на животната средина ( чистење на речното корито на реката Писа ) преку иницирање на соработка и активизам на жителите на општина Пехчево, кое од друга страна ќе овозможи подобри услови за живот на локалното население.
    Заедничките активности ќе се состојат од: чистење на речното корито, депонирање на отстранетиот нанос и органски отпад на соодветно место, акција за чистење на речното корито од комунален цврст отпад и санација на кејот и поставување на урбана опрема.
    Оваа заедничка акција помеѓу бизнис заедницата, населението, граѓанските организации и локалните власти ќе преставува темел за понатамошна соработка, која ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација, за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни од областа на развој на заедницата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...