Учениците кои нови знаења стекнуваат посетувајќи го подрачното училиште Ванчо Китанов во селата Робово и Умлена денеска беа посетени од градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски.
Во рамки на оваа посета, градоначалникот им подели пакетчиња на учениците во прво одделение со школски прибор ( тетратки, моливи, острилки, боички, блокчиња и др ), што кај нив предизвика радост која не можеа да ја скријат, а во знак на благодарност учениците изведоа кратка песничка за оваа пригода.
-Јас би сакал од име на општината да ви посакам на сите деца да имате успешно образование и среќно детство, ние како локална власт се обврзавме да подаруваме онолку колку што се и нашите можности. Јас се надевам дека овој проект и соработка со училиштето Ванчо Китанов ќе продолжи успешно како и досега и се надеваме дека оваа акција догодина ќе биде поголема и со неа да се опфатат и сите деца од сите одделенија, истакна градоначалникот Поповски.
Пакетчињата со училишен прибор е обезбеден од страна на општината, по директна иницијатива на градоначалникот.
Акцијата што ја спроведе градоначалникот Поповски се покажа дека е доволно силна за да ги направи среќни децата.