4.9 C
Pehčevo

    Јавен повик за Локално собрание за млади

    Датум:

    Download (PDF, 119KB)

    Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“  број 10/2020 ) и член  12- г од Статутот на Општина Пехчево ( „Службен гласник на Општина Пехчево“ 03/2021), Градоначалникот на Општина Пехчево распишува:

     

     

     

    Јавен повик за Локално собрание за млади

     

    Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Пехчево распишува јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.

    Повикот е отворен за сите младиснки организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

    • Да имаат активности на територијата на Општина Пехчево;
    • Да се основани и активни најмалку една година пред отварањето на овој повик;
    • Делегатот/ ката и заменик – делегатот/ ката да се жители на Општина Пехчево и да се на возраст од 15 до 29 години.

     

    Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е- маил: elica.jovevska@yahoo.com или на opstina_pehcevo@t.mk и да ги поднеат во архивата на Општина Пехчево, ул. „Равен“ бр. 8, 2326 Пехчево, со назнака: Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.

     

     

    Задолжителни документи:

    • Портфолио за работата на организацијата;
    • Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница;
    • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се поврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Пехчево;
    • Номинација на делегат/ ка и заменик – делегат/ ка со контакт – детали за претставниците

     

    Рокот за пријавување е од 26.02.2024 до 04.03.2024 година.

     

    Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание за млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Пехчево.

     

    За повеќе информации околу повикот може да се обратите на следните контакти:

    Елица Јовевска – Помлад соработник за прибирање и техничка обработка на податоци во ЛЕР

    e-mail: elica.jovevska@yahoo.com

    тел. 075-231-515

     

     

    Општина Пехчево

    Иницијативен одбор

    Преседавач

    С.р Димитар Андоновски

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...