Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 21-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 24.11.2023 година (петок). 21-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 19-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Усвојување на записникот од 20-та седница на советот на општина Пехчево;
3. Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2023 година;
4. Предлог одлука за измена и дополнување на одлуката за определелување на висина на цена за собирање и транспортирање на комунален отпад од Пехчево и населените места во општина Пехчево;
5. Предлог oдлука за давање на времено користење движна ствар (Лада Нива) на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
6. Предлог oдлука за давање на времено користење на градежна машина ровокопач JCB 4CX на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
7. Предлог oдлука за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Пехчево;
8. Предлог одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата кои имаат запишано прваче во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
9. Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статутот на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
10. Предлог одлука за разрешување и именување на член на надзорен одбор на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
11. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
12. Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
13. Предлог одлука за предавање на инвестицијата – Поврзување на доводен цефковод со филтер станица во Пехчево со постоечки таложник и реконструкција на таложник;
14. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2023 година до 30.09.2023 година;
15. Барања од граѓани;
16. Советнички прашања;
17.Тековни aктивности;
Претседател