11.7 C
Pehčevo

    Дневен ред за 1-ва седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 1-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 20.11.2025 (четврток). 1-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за формирање на Комисија за Статут и прописи;
    3. Предлог одлука за формирање на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
    4. Предлог одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
    5. Предлог одлука за формирање на Комисија за изработка на програма на советот на општина Пехчево;
    6. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на пациентите;
    7. Предлог одлука за формирање на Комисија за одбележување на значајни настани;
    8. Предлог одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
    9. Предлог одлука за формирање на Комисија за венчавки;
    10. Предлог одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
    11. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на потрошувачите;
    12. Предлог одлука за формирање на Комисија за процена на штета при елементарни непогоди;
    13. Предлог oдлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    14. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2” за финансирање на техничка документација за „Канализациона мрежа на дел од с. Панчарево“, Пехчево;
    15. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом Д-р. Иван Георгиев – Пехчево;
    16. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    17. Предлог одлука за прифаќање на донација (противпожарна опрема);
    18. Барање од граѓани;
    19. Советнички прашања;

     

    ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 1-ТА СЕДНИЦА

    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    1. Предлог одлука за прием на донација (патничко моторно возило марка OPEL АSTRA);

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...