Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 14-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 01.03.2023 година (среда). 14-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 13–та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за исплата на средства од Буџетот на општина Пехчево за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија;
3. Предлог одлука за расходување на движни ствари (застарена и неупотреблива компјутерска опрема) од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево;
4. Предлог одлука за расходување на движни ствари – парен котел на дрва од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево;
5. Предлог програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ за 2023 година;
6. Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;
7. Одлука за усвојување на извештај за работа на Полициска канцеларија – Пехчево за 2022 година;
8. Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2022 до 30.09.2022 година;
9. Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2022 до 31.12.2022 година;
10. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2022 година;
11. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2022 година;
12. Предлог одлука за давање согласност на Статут на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево – пречистен текст;
13. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
14. Предлог одлука за усвојување на Локален акциски план за инклузија на Ромите во Пехчево за период 2023-2027;
15. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на OУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2022 година;
16. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2022 година;
17. Предлог програма и план за контрола на популација на кучиња на територија на општина Пехчево за 2023 година;
18. Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево за 2023 година;
19. Барања од граѓани;
20. Советнички прашања;
21. Тековни активности;
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 14-ТАСЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО
22. Предлог одлука за утврдување на приоритет за учество и користење на средства за реализација на проектот “Изградба на локални улици во село Чифлик, улица број 1 со крак 1“;
23. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Изградба на локални улици во село Чифлик, улица број 1 со крак 1”
– Дополнувањето на дневниот ред е со дата 28.02.2023
Претседател:
Виолета Ѓорѓиевска