9.5 C
Pehčevo

    Потпишување на договор за изградба на ул. „Индустриска“ – Пехчево

    Датум:

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска беше во посета
    на Општина Пехчево и оствари средба со Градоначалникот на Општина Пехчево
    Александар Китански. На средбата беше потпишан Договорот за Реконструкција
    на улица „Индустриска“ во Пехчево, согласно Проектот за поврзување на локални
    патишта кој се финансира со заем од Меѓународна банка за обнова и развој и
    Светска Банка и имплементиран од страна на Министерството за транспорт и
    врски.

    По потпишувањето на Договорот треба да се отпочне во најскоро време и
    со градежните работи на улица „Индустриска“ и истата ќе добие нов, современ
    изглед, со што се подобрува патната инфраструктура во градот Пехчево.
    На средбата беше разговарано за понатамошните активности кои ги
    планира Градоначалникот на Општина Пехчево Алекснадар Китански во однос на
    подобрувањето на патната инфрструктура во градот Пехчево и селските населби
    се со цел на граѓните да им се овозможи да живеат во една современа и
    урбанизирана општина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...