4.4 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ќе постави видео надзор на локалитетот Барски-еко систем „Езерце“

    Датум:

    Почитувани граѓани,

    Ве известуваме дека на локацијата Барски еко – систем „Езерце“ , Општина Пехчево ќе постави видео надзор, со цел да се спречи понатамошно уништување на околниот простор и урбаната опрема во локалитетот.

    Согласно член 90 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци ( Сл. весник на РСМ бр. 42/20), видео назорот на посочената локација на територијата на Општина Пехчево се поставува заради заштита на сопственоста ( заштита на имотот и добрата во општа употреба), односно заради 24 часовна заштита од кражби, вандализам, уништување или друга форма на загрозување на имотот и добрата, заштита од фрлање на ѓубре и заштита на животната средина околу предметната локација. Сево ова истовремено ќе влијае и за подобрување на безбедноста и здравјето на жителите на Општина Пехчево и посетителите од други места.

    Притоа земена е во предвид и надлежноста на Градоначалникот да обезбеди правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со член 50 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа ( Сл. весник на РМ бр.5/02)

    Со видео надзорот ќе се заштити оградата на локацијата, детското игралиште ( нишалки, клацкалки, куќички за игра, вртелешка), дрвените летниковци со дрвените маси, дрвените клупи, корпите за отпадоци, влезната платформа поплочена со природен камен, дрвената платформа за набљудување, едукативните табли, канделабрите со штедливи сијалици, но и целата површина која е хортикултурно уредена со растенија и дрвца, а и животната средина околу горенаведената локација.

    Преку системот за вршење на видео надзор на посочената локација ќе се снимаат само оние субјекти на лични податоци ( малолетни и полнолетни ) лица, кои повремено и случајно влегуваат во фокусот на камерите.

    Со почит,

        Општина Пехчево

          Градоначалник

    Драган Тренчовски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...