-1.9 C
Pehčevo

    Соопштение – Проект за управување на речниот слив на реката Брегалница

    Датум:

    logo

    Општина Пехчево на ден 19.09.2013 година (четврток), во ресторан Тропик од 12 часот за прв пат организира ФОРУМ ЗА ВОДИ, како дел од проектот за управување на речниот слив на река Брегалница.

    Проектот за управување со речниот слив на Брегалница е финансиски подржан од страна на Државниот секретаријат за економски работи (SECO) на Швајцарската Конфедерација и има за цел изработка на одржлив и опширен план за водените ресурси на втората по големина река во Македонија. Во рамки на проектот формиран е инвестициски фонд со цел ко-финасирање на локално предложени проекти поврзани со Брегалница и воопшто со водите.

    Проектната канцеларија како дел од Компонента 2, во месец септември распиша Прв повик за предлог проект (Мали инфраструктурни проекти) до општините кои се наоѓаат во хидрографското подрачје на Брегалница за предлагање на квалитетни проекти, со тоа што идејата за проектите треба да биде донесена преку организација на ,, Форуми на заедниците ‘‘, со реализација на две форумски сесии и една работилница.

    Швајцарската влада во имплементација на малите инфраструктурни проекти ќе учествува со максимум 50.000 швајцарски франци или 83,2 %, додека општина Пехчево треба да учествува со минимум  16,7 % од вредноста на инвестицијата.

    Главна цел на форумските сесии е преку партиципација на граѓаните да се дефинира конкретен проект кој е приоритетен за реализација.

    Поддржаниот проект треба да биде од областа на:

    * Доградба и/или рехабилитација на примарните и секундарните водоводни системи;

    * Добрадба и/или рехабилитација на канализациони системи;

    * Изградба или рехабилитација на децентрализиран третман на отпадни води;

    * Изградба или рехабилитација на мали резервоари за вода;

    * Надградба на пумпи, вентили, филтри, водомери и др;

    * Регулирање на речни корита и мерки за заштита од поплави;

    * Намалување на загуби на вода.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...