Сопствениците на објекти наменети за комерцијално сместување на туристи да се воздржат од комерцијално издавање на просторот и да се почитуваат мерките и препораките на Владата за време на продолжениот викенд. Ова е главниот заклучок на Општинскиот кризен штаб во Пехчево, кој денеска донесе и други мерки, препораки и заклучоци пред продолжениот првомајски викенд.
-Во тој контекст упатувме апел до населението и туристите во пресрет на престојниот празник, да се придржуваат кон мерките и препораките на Владата, да избегнуваат поголеми групирања и големи прослави.Посебно на помладите им препорачуваме да бидат совесни, со тоа што ќе одбегнуваат палење оган на отворено.Полициските контроли ќе бидат интезивирани на ниво на целата територија на општината, поготово низ туристичките населби, а за секоја друга затекната ситуација, ќе се сноси одговорност, информираа од Кризнит штаб во Пехчево.
Инаку вчера беше потврден и вториот позитивен случај на корона вирус во Пехчево неговата здраствена состојба е стабилна.
-Во тек е епидемиолошка анкета на лицата кои биле во контакт со второ заболениот
-Во здравниот дом направени се 13 тестови од кои сите се негативни, а исто така во здравниот дом превземени се сите превентивни мерки како редовна дезинфекција на простоориите, направена е посебна соба за изолација, набавени се скафандери, ракавици и маски за заштита на медицинските лица.
-Во наредниот период ќе продолжи дезинфекцијата на улиците, на сите јавни површини како и на сите станбени објекти.
-За претстојниот продолжен викенд полициските службеници ќе вршат засилена контрола на сите туристички населби.
– Во однос на првиот случај од вкупно дванаесет лица во изолација остануваат четворица
-Првиот пациент го очекува вториот тест и се очекува да биде отпуштен од болница на домашно лекување.
Како што посочија, дозволи за земјоделците со неригистрирани стопанства за претстојниот викенд нема да има, ќе важи полицискиот час од 14 часот, додека сточарите ќе можат да извадат дозволи кај лицето Елеонора Митевска Димитров.