4.4 C
Pehčevo

    Во Пехчевските села Робово и Умлена деновиве ќе започне реконструкцијата на четири улици, а ќе се изврши и доградба на трпезарија во детската градинка во Пехчево

    Датум:

    Општина Пехчево продолжува со реализација на својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини. Денес започнаа изградбата на улицата во село Панчарево во должина од над 600 метри и широчина од 3,5м.Општина Пехчево продолжува со реализација на својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини.

    Општина Пехчево потпиша договор со фирмата „Сандра Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје за изградба на  улици во село Умлена, улици во село Робово и доградба на трпезарија на детска градинка 7 Септември Пехчево.

    Градоначалникот на општина Пехчево истакнува дека се работи за реконструкција и рехабилитација на улица бр.1 и бр.2 во село Робово и Улица бр.1 и бр.2 во село Умлена во должина од 750 метри и ширина на улиците од 3 метри, а ќе се изврши и доградба на трпезаријата во детската градинка 7 Септември.

    -Во изминатиот период инвестиравме на повеќе начини, но по барање на мештаните деновиве ќе започнуваме со изградба на улици во село Умлена и село Робово. Граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредени улици.

    Општина Пехчево благодарение на добро изработените проекти, конкурираше и доби повеќе проекти кои се во интерес на жителите на нашата општина. Благодарение на нашата агилност, упорност и соработка, одобрени ни се средства во вредност од 5.877.681 денари за реконструкција и рехабилитација на улици во село Умлена, село Робово во должина од 750 метри и за доградба на трпезарија во градинката во Пехчево. Со гордост можам да истакнам дека локалната самоуправа полека ги решава сите барања и потреби на граѓаните од нашата општина, истакна градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски.

    Долгорочно подобрување на улиците преку зголемување на техничкиот век на асфалтната површина, зголемената безбедност во сообраќајот, подобрување на сообрќајната поврзаност и комуникација, обезбедување на сигурност на пешаците и подобрувањето и обезбедувањето на условите на децата во градинката се главните цели на локалната самоуправа.

    -Имплементацијата на овие проекти за реконструкција на улиците сметаме дека е највисок стратешки прироритет и ќе придонесе за остварување на стратешките цели од областа на  инфарструктурата во општината. Со тоа ќе се намалат трошоците за постојните поправки на улиците односно санација на дупките, а истите ќе ги пренамениме за други комунални услуги, додава Тренчовски.

    Вкупната вредност на овој проект изнесува над 5.877.681 денари, средства обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2), финансиран со заем од Светска банка, а изведувач на градежните работи е „Сандра Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...