-0.2 C
Pehčevo

    Ликовната изложба на Лена Ѓуриќ привлече внимание кај пехчевската публика

    Датум:

    Изложба Лена1

    Синоќа, во присуство на голем број заинтересирани граѓани, ликовната приказна „Парижанка во Пехчево“ насликана на околу 30 тина слики со техника масло на платно беше презентирана пред пехчевската публика. Изложбата, ја отвори директорката на Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево Ана-Марија Теохарова, а за животниот пат и творештвото на Лена Ѓуриќ зборуваше поетесата Габриела Костадинова. Свое кратко обраќање и благодарност до присутните и организаторот на изложбата – Домот на културата „Јане Сандански“ и Општина Пехчево, имаше и самата авторка на изложените слики, Лена Ѓуриќ.

    Изложба Лена2

    Со денешната изложба авторката Лена истакна дека се заокружува ликовната приказна која е претставена низ повеќе градови во Македонија.

    -Изложбата содржи избрана колекција од моето творештво во изминатите 10 години. Планирам да ја продолжам мојата ликовна приказна насекаде низ Македонија, бидејќи моето творештво, како и позитивната реакција кај публиката, ми дава душевна сатисфакција, истакна Ѓуриќ.

    Прв пат сум во Пехчево и ми претставува задоволство што денеска сум во градот кој според мене има посебна душа кога е во прашање уметноста, што се гледа од самиот интерес за мојата изложба која е насловена „Парижанка во Пехчево“, додава Лена.

    Изложба Лена

    На изложбата присуствуваше и градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски.

    Инаку, авторката Лена Ѓуриќ  е родена во Свети Николе, а трисетина години од својот живот ги поминува во градот на светлината Париз, каде ги впива креативните енергии на најголемите светски репрезенти на уметноста. Париз е и местото, каде нејзиниот талент за уметност се развива и станува реалност. Последниве години, Лена живее и твори во Штип. На сликарското платно, таа овековечува портрети, жива и мртва природа.

    Досега, богата колекција од ликовни дела на Ѓуриќ се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Скопје, Делчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...