Со низа пригодни свечености Пехчево денеска ја одбележа 74-годишнината од ослободувањето на градот и 22 години од создавањето на Општина Пехчево како посебна административна целина.
Одбележувањето на овој историски датуми од поновата историја на оваа малешевска општина започна со положување свежо цвеќе пред споменикот на борецот од НОБ од Пехчево, Ванчо Китанов, при што пред споменикот се поклонија делегација од Општина Пехчево, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани.
На свечената Седница на Советот, пред присутните се обрати претседателот на Советот Николчо Јовчев, кој меѓу другото се задржа на историските прилики кои водеа до ослободувањето, но зборуваше за развојот на Пехчево од ослободувањето, па сѐ до денес, а сцената ја разубавија и децата од детската градинка „7 Септември“ со изведба на песни и ора.
Во рамките на Седницата беа потенцирани реализираните проекти за период од неполна една година. При што беше истакнато дека Општина Пехчево во овој период има реализирано проекти со поддршка на Владата, донатори, преку ИПА програмата и со средства од буџетот на Општината.
Драган Тренчовски, градоначалник на Општина Пехчево истакна дека со реализација на проектите се опфатени сите селски населби, како и градот Пехчево. Тој додаде дека дел од проектите во Пехчево, освен подобрување на инфраструктура, треба да донесат и нови инвестиции во стопанството.
На свечената Седница беше презентиран и Проектот за успешни жени во минатото и сегашноста по дејности и професии од општина Пехчево и промоција на книгите „Кажаувања“, „Патеписни записи“, Кајмак Стојна“ од авторот Јован Манчевски.
На свечената Седница на Советот беа доделени благодарници и признанија на граѓани институции кои дале посебен придонес за развојот на Општина Пехчево и тоа:
• ФК. „ Кит-го “ – Пехчево За најголем допринос во спортот и развој на фудбалот во Пехчево.
• Хотел „ Гогов “ – Пехчево За промоција на туризмот и хотелиерството во општина Пехчево
• ДИК „ Фагус “ – Пехчево за најзаслужна фирма во општина Пехчево
• Михаела Костовска За ученик на генерацијата при ООУ „ Ванчо Китанов “ – Пехчево за учебната 2017/2018 година • Борче Терзиски за Најдобар фармер во општина Пехчево
• За најдобра овчарска фарма во општина Пехчево – „Мачевските деца“
• Кафе Бар „ Ким “ – Пехчево За учество и допринос на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 година
• „ Лепаченце “ ДООЕЛ – Пехчево За учество и допринос на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 година
• „ Ристо “ ДООЕЛ – Пехчево За учество и допринос на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 година
• Кафе Бар „ Тропик “ – Пехчево За учество и допринос на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 година
• „ Викторија Пех “ ДООЕЛ – Пехчево За учество и допринос на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 година.
По повод роденденот на детската градинка 7 Септември директорката и вработените организираа коктел за сите присутни.
Инаку, вечерва во 21:00 часот на плоштадот Св„Петар и Павле“ ќе се одбржат концерти на групата Кате и нели ти реков и Игуана бенд, Централна бина – (Општина Пехчево во соработка со Хотел „Гогов“, Кафе бар „Ким“, Кафе бар „Сквер“ и Ресторан „Ристово меанче“)