Денес (03.09.2018) со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2018/19 година.
Официјалниот почеток на новата учебна година, општина Пехчево гордо ја пречека новата генерација на првачиња што говори многу за нашата традиција и фактот дека многу познати и успешни личности од јавниот, општествениот и политичкиот живот своето основно образование го стекнале токму овде, во нашата општина, што кажува за квалитетот на воспитно-образовниот кадар со кој располагаме, низ сите овие години на постоење и работење на училиштето Ванчо Китанов во општината.
Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски, во свое лично име, од име на Советот на Општина Пехчево и од името на сите граѓани на Пехчево, упати честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака успеси во новата наставна година. На најмалите, на првачињата градоначалникот им порача дека од денес училиштето е нивниот втор дом.
Во ООУ.„Ванчо Китанов“ денеска новата учебна 2018/2019 година ја почнаа 310 ученика, а 20 првачиња.
Локалната самоуправа на сите првачиња им подари училишен прибор (тетратки, моливи, острилки, боички, блокчиња и др), што кај нив предизвика голма радост.
Инаку, денес градоначалникот Тренчовски ги посети и им посака среќна учебна година и на дечињата од детската градинка „7 Септември“ и им подари звучни сликовници.