Општина Пехчево ги поканува угостителите да бидат дел од најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион, 8-мото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018.
За таа цел, Општината ги информира и повикува сите заинтересирани угостители од Пехчево и од цела Македонија да поднесат барање за закуп на простор на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево најдоцна до 29.06.2018 година до 14 часот. Барањата треба да бидат поднесени во просториите на локалната самоуправа.
На ден 29.06.2018г.(петок) во 15 часот во просториите на Општина Пехчево претставници од угостителите кои поднеле барање задолжително треба да бидат присутни поради распределувањето на парцелите.
Доделувањето на парцелите ќе се дава по одредена фиксна цена определена – донесена со Одлука од страна на Советот на општина. Право на приоритет на добивање на локација ќе имаат сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали. Другите локации ќе се доделуваат по принципот на слободни локации со приоритет согласно времето на пријавување и плаќање на надоместокот.
Цените на парцелите се следните:
- Парцела бр.1 со П=55м2 по цена од 200ден/м2 за ден.
Оваа парцела е пред Комерцијална Банка па поради тоа влезот пред банкоматот не смее да биде затворен , па одредена квадратура не може да се користи, па предлагаме да му се даде дополнителна парцела бр.7 со 16м2 , па оваа парцела ќе биде со п=71м2.
- Парцела бр.2 со П= 51 м2 по цена од 200ден/м2 за ден.
- Парцела бр.3 со П= 55 м2 по цена од 200ден/м2 за ден.
- Парцела бр.4 со П= 21 м2 по цена од 200ден/м2 за ден.
- Парцела бр.5 со П= 52 м2 по цена од 100ден/м2 за ден.
- Парцела бр.6 со П= 50 м2 по цена од 150ден/м2 за ден.
- Парцела бр.8 со П= 34 м2 по цена од 200ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 150ден/м2
- Парцела бр.9 со П= 32 м2 по цена од 200ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 150ден/м2
- Парцела бр.10 со П= 42 м2 по цена од 200ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 150ден/м2
- Парцела бр.11 со П= 37 м2 по цена од 200ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 150ден/м2
- Парцела бр.12 со П= 38 м2 по цена од 150ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 100 ден/м2
- Парцела бр.13 со П= 33 м2 по цена од 100ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 50 ден/м2
- Парцела бр.14 со П= 34 м2 по цена од 80ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 50 ден/м2
- Парцела бр.15 со П= 30 м2 по цена од 80ден/м2 за ден. И доле дел П=28м2 по цена од 50 ден/м2
- Парцела бр.16 со П= 46 м2 по цена од 50ден/м2 за ден.
- Парцела бр.17 со П= 45 м2по цена од 50ден/м2 за ден.
- Парцела бр.18 со П= 45 м2по цена од 50ден/м2 за ден.
- Парцела бр.19 (паркинг плац) со П= 900м2 по цена од 20ден/м2 за ден.
Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавницата или може да се симне и од веб- страницата на Општината, www.pehcevo.gov.mk
Општина Пехчево , како и претходните години, очекува голем интерес од угoстителите, поради самиот факт што за време на овој тридневен настан, се очекуваат над 80 илјади гости да го посетат Пехчево. Една од целите на фестивалот, покрај афирмација на дувачките оркестри од земјава, е и да придонесе во промоцијата на Пехчево со сите свои природни убавини како дел од Малешевијата и да стане задолжителна туристичка дестинација во летниот период што од друга страна ќе донесе и добар економски бенефит за локалната економија.
Фестивалот ќе се одржува од 12 до 14 јули, веќе е договорен настапот на познати македонски естрадни звезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот, ќе биде организиран и традиционалниот саем на ракотворби.
БАРАЊЕ – За користење на простор пред деловни простории и простор на јавни површини и плоштади