12.5 C
Pehčevo

    ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО: Заеднички да го расчистиме теренот во Туристичката населба „Равна река“

    Датум:

    Општина Пехчево ги повикува сите граѓани кои сакаат да се приклучат,а се физички и здравствено подготвени, утре 15.05.2018г, на заедничка акција за расчистување на теренот на Туристичката населба „Равна река“.

    Градоначалникот Тренчовски повикува на координираност и масовност за расчистување на теренот кој води до прекрасните Пехчевски водопади.

    -Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, координираност, масовност  и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и што побрзо да можеме да ги доуредиме Пехчевски водопади, истакна Тренчовски.

    Зборното место е од пред локалната самоуправа во 8 часот наутро, по што ОРГАНИЗИРАНО и КООРДИНИРАНО ќе се упатиме до местото каде треба да се расчистува. Расчистувањето ќе трае најдоцна до 15 часот, додава Тренчовски.

    Акциите ќе се одвиваат континуирано, се додека постои реална потреба од истите.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...