Општина Пехчево започнаа со интензивно чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој години наназад нелегално се депонирал. Се работи за просторот од ЈКП „Комуналец“ на улицата Јулија Веселинска се до спојот на улица Кадиица до местото викано „Мандрата“. На овој дел од градот, голем дел од жителите сеуште го користат за исфрлње на сметот, иако пред повеќе години истото било забрането.
Градоначалникот Драган Тренчовски апелира до сите граѓани да се грижат за чистотата и совесно да се однесуваат кон животната средина.
– Ова е еден голем и горчлив проблем неколку децении. Вчера и денес, екипи најмени од страна на Општина Пехчево вршеа чистење на овој дел од градот, бидејќи сè уште постојат граѓани коишто го загадуваат овој простор со отпад. Според Закон за јавна чистота, загадувањето со отпад е казниво, па затоа апелирам до сите наши сограѓани да не го фрлаат отпадот овде и да се грижат за чистотата на општината, истакна градоначалникот Тренчовски.
Чистењето на депонијата е дел од активностите на општината да се зачува животната средина и да се намали бројот на диви депонии.