5.9 C
Pehčevo

    Со книга и цвет одбележан Светскиот ден на книгата во Пехчево

    Датум:

    Денеска во салата при Дом на култура„Јане Сандански“ – Пехчево, библиотеката „Кочо Рацин“ организираше манифестација по повод 23 Април-светскиот ден на книгата.

    книга

    -Ако во здравствените установи живее грижата за здравјето, во библиотеките живее љубовта кон книгата, живее духот на креативноста. Ние како тим припаѓаме во светот на книгите, чекориме по патот на литературата. Но, на тој пат не чекориме сами. И вие сте дел од него,затоа што ја сакате книгата, се дружите со неа, уживате во нејзината содржина, бидејќи и вие сте дел од тој свет.

    И никогаш не се откажувајте, бидејќи читањето не само што ги грее срцето и душата, туку и го разбиструва умот и не учи на нови работи“- истакна Габриела Костадинова поздравувајќи ги гостите.

    Таа на присутните им објасни дека 23 Април е ден кога светот го напуштиле двајца познати великани Шекспир и Сервантес-звучни имиња во светската книжевност.

    И нивната смрт била причина овој ден да се слави како светски ден на книгата,а со тоа им се оддава почит на нив како автори и на делата што ги напишале. Во продолжение директорката на библиотеката Јасмина Цековска ги прочита пораките од генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле и македонската порака од министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

    книга2

    На манифестацијатасвои лични творби читаа учениците од основното и средното образование, како и повозрасни читатели љубители на поезијата.

    Ученичките Марија Костадинова и Маја Пандова се преставија со свои песни со кои учествуваа на поетскиот фестивал „Пролет,љубов,смеа“ во Свети Николе каде Маја Пандова го освои второто место.

    Во продолжение и Габриела Костадинова прочита своја песна со која ја доби наградата Најдобар интерпретатор на манифестацијата „Македонска лирска поезија“ во Неготино.

    Манифестацијата заврши со доделување на дипломи,книги и цвет на читателите рекордери кои оваа година беа навистина во голем број околу 40.

    книга1

    Вработените во библиотеката и овој пат не ги заборавија останатите гости и на советниците, соработниците, пријателите им доделија подароци во вид на книги и цвет изработен од вештите раце на директорката на библиотеката Јасмина Цековска.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...