Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 6-та седница на советот.
6-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 30.03.2018 година (петок), со почеток во 13 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 5-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2017 година;
3. Информација од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за градежната машина ровокопач JCB 4CX;
4. Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2019 година;
5. Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во општина Пехчево за 2019 година;
6. Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2017 година;
7. Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2017 година: финансов извештај за Донаторска сметка, Наменски дотации, Самофинансирачки активности;
8. Предлог одлука за основање на Регионална депонија;
9. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2017 година;
10. Предлог одлука за усвојување на годишниот извештај за спроведување на програмата за развој на источен плански регион 2015-2019 за 2017 година;
11. Предлог одлука за учество на општина Пехчево во ИПА ИНТЕРРЕГ програмата за Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, Повик за проектни предлози Бр. CCI 2014TC16I5CB006-2018–2, со проектот „Зачувување на животната средина од катастрофи и подобрување на местото на живеење“;
12. Предлог одлука за утврдување на паричен надоместок за првородено дете во годината, на територијата на општина Пехчево;
13. Барања од граѓани;
14. Советнички прашања;
15. Тековни активности;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев