-1.9 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ги презентираше туристичките потенцијали на форумот за туризам во Берово

    Датум:

    Во просториите на Бизнис инкубаторот во Берово, вчера 25 општини и организации од Истокот на Македонија и од регионот на Благоевград, ги промовираа своите локалитети и атракции за развој на туризмот во рамки на туристичкиот форум „Туризмот во фокус“. Форумот е дел од европскиот проект „Одржлив развој на туризмот – средство за прекугранична кохезија и напредок“имплементиран од страна на здружение ,, Лешки ” – Берово во партнерство со здружението ,, На Фокус ” – Р.Бугарија, поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка.

    Форум за тризам Берово

    Општина Пехчево учествуваше и на двата форуми организирани во рамки на овој проект и го презентираше своето културно богатство, историско наследство, туристичките локалитети и атракции преку поставување на штанд со материјали изработени токму за таа намена, а се претстави и со видео презентација пред присутните.

    Форум за туризам Берово

    -Пехчево и нејзината недопрена природа,  привлече големо внимание кај посетителите на форумот, кои имаа можност најдиректно на едно место да ја видат и да се запознаат со нашите локалитети и атракции, па и традиции и обичаи. Речиси сите домашни и странски посетители пројавија интерес за туристичките можности  и потенцијали на Пехчево, истакна Живко Каликов од општина Пехчево.

    Форум за туризам Берово-

    Форумот претставува начин преку кој општините ќе можат да ги презентираат своите услуги, да остварат контакт и идни партнерства со општините од соседна Бугарија, истакна Ана Марија Теохарова од НВО „Лешки“ од Берово.

    -Целта на проектот и завршна активност на овој проект е потпишување на меморандум за соработка меѓу општините од граничниот регион што ќе овозможи идни партнерства и соработка во идниот период. Во рамки на проектот се оддржаа два форума, првиот се оддржа пред една недела во Благоевград  и сега во Берово, а впечатоците на учесниците од двата форуми се дека отвараат нови видици и можности за соработка, но и ги потврдуваат сите специфики и раритети во регионот како заедничка понуда за развој на туризмот, рече Теохарова.

    Јанислава Вангелова од НВО „На Фокус“ потенцираше дека целта на проектот е да се обединат силите за да се подобри прекуграничната соработка и да се придонесе во зближување на организациите и институциите, односно оние кои работат во културниот сектор и сите оние кои се поврзани со туризмот.

    Форум за тризам Берово

    На крајот на форумот градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, потпиша меморандум за идна соработка за развој на туризмот меѓу општина Пехчево и општините од регионот на Благоевград.

    Инаку, проектот траеше 15 месеци, и во тој период се спроведуваа обуки на 50тина лица од двете страни на границата, а направена е и он-лајн платформа која треба на секој добронамерник кој сака да го посети пограничниот регион, да му ги отвори видиците за историските, природните и културните знаменитости на регионот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...